Жерновски до Трајановски: Хаосот со преполните контејнери и неиздржлив

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, апелира до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, да се среди хаосот со преполнетите контејнери, на што реагираат огромен број на граѓани.

Чистењето и одржувањето на контејнерите е во надлежност на „ЈП Комунална Хигиена“, јавно претрпијатие под надлежност на Град Скопје.

„Јавно апелирам до Градоначалникот на Град Скопје да го повика на одговорност својот директор, бидејќи хаосот со преполните контејнери е неиздржлив. Сите граѓани на Центар плаќаат пари за да имаат чиста околина, а не депонии пред своите домови.Контејнерите се во надлежност на ЈП “Комунална Хигиена”, односно Град Скопје. Имаме безброј вакви случаеви во нашата општина, барам веднаш да се превземат мерки и санкции“, стои во обраќањето на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, до Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар