Жерновски до Груевски: Сакате да кажете дека не сте знаеле за протестите на Вашите партиски членови?

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски одговари на критиките упатени кон од него од премиерот во интервјуто за Нетпрес.

„Го читам интервјуто… и малку сум “збунет”. Се оградувате од кршењето на прозорците во општина Центар. Сакате да кажете дека воопшто не сте знаеле за протестите на Вашите партиски членови ?!?“, напиша Жерновски на својот ФБ профил.

zernovski-fb
Премиерот Никола Груевски во интервју кажа дека Жерновски во услови на безидејност и немање ниту еден реализиран проект сакал да одглуми жртва.

nikola-gruevski-03

Груевски го оправда однесувањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи рече, била соочена со неправдата и лошата намера на градоначалникот.

Според него нивната намера не била деструктивна, туку напротив, да спречат деструкција на скоро изграден црковен објект.

„Дали го одбраа најсоодветниот механизам и дали на тој начин треба да се делува, е прашање на кое може да се даде различен одговор.

– Јас насилство и деструкција не можам и нема никогаш да оправдам, а одговорност за случувањата таму имаат сите чинители“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар