Жерновски до директорите: Најстрога санкција доколку им ги затворите вратите на учениците

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска ги повика директорите на седумте основни училишта на територијата на општина Центар.

По средбата Жерновски изјави дека јасно е што била целта.

Ги прашал дали за денеска  од некого добиле наредба да се однесуваат со посебен режим поради студентскиот протест и најавата дека и учениците ќе дадат поддршка.

„Директорите рекоа дека не биле присутни на понеделничкиот состанок во гимназијата Јосип Броз Тито, за кој имаше информации дека е партиски. Јас не сум истражен судија да испитувам кој бил, кој не, но јавноста можеше да види кој бил од директорите присутен. И мене ме интересираше целта на разговорот, зошто биле повикувани и присутни по партиска структура. Јасно им кажав дека доколку се случи, како и во некои средни училишта, да ги затворат вратите или да вршат притисок врз учениците – ќе биде најстрого санкционирано. Ова важи за сите партии, нема да дозволам партиско мешање или инволвирање во образованието во Центар“, изјави Жерновски.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар