Жерновски до Центар: Излезете на 26-ти, на историскиот референдум за ГТЦ

Од:

По дваесеттина дена од последната средба, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со советниците од Општина Центар, надлежните служби и директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, имаа средба со жителите на Градски Ѕид, кај поранешна Македонска Банка, Клуб на Новинари и околните згради.

На почетокот, градоначалникот Жерновски ги повика центарци да излезат и да гласаат на референдумот кој ќе се одржи на 26-ти април, 2015-та година.

„Ова е прв референдум во општина Центар и историски, бидејќи граѓаните ќе одлучат дали ГТЦ ќе го задржи автентичниот изглед. Власта мора да ја почитува одлуката на граѓаните, бидејќи овој референдум е обврзувачки и со самото тоа – тој станува Закон“, рече Жерновски.

Sredba so gragjani (4)

Појасни дека се гласа од 07:00 – 19:00 часот, на истите избирачки места каде што граѓаните гласаат за претседателски, парламентарни и локални избори.

Граѓаните може да проверат дали ќе може да го остварат своето избирачко право со увид во единствениот избирачки список, кој е во тек.

Жерновски ги информираше граѓаните дека и од месец мај продолжува акцијата „Цел Центар на Точак“. Објасни дека оние кои ќе сакаат да набават велосипед со субвенционирана цена од страна на општината, тоа треба да го сторат со денот на продолжување на акцијата.

„На овој потег во општина Центар ќе се прави детско игралиште. Почетокот на изградбата е за еден месец, ќе биде во модерен дизајн, со европски стандарди, осветлено, обезбедено и оградено игралиште со гумена подлога.

Жителите се задоволни од договореното, да се стават канделабри и да се исчисти овој простор“, велат од Општина Центар.

Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, на жителите им кажа дека проблемот со паркирањето се решава со тоа што паркингот на овој простор ќе биде резидентен.

За десеттина дена, по одлуката на Советот на општина Центар ќе се стави крај на гужвата и паркирањето на овој дел од Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории