Жерновски: Дали е случајна хајката и прогонот кон Претседателот на Советот на општина Центар?

Од:

Тешко е поверува дека во распишувањето меѓународна потерница за Претседателот на Советот на општина Центар и Претседател на ОО СДСМ – Центар нема намерна и смислена тенденција, реагира градоначалникот Андреј Жерновски.

Според него, затоа и во домашната и во меѓународната јавност се наметнува прашањето дали е случајна хајката и прогонот кон Претседателот на Советот на општина Центар.

-Како што е познато, во Советот на општина Центар мнозинството со еден советник го има коалицијата предводена од СДСМ.

Поддржувајќи ги сите законски потези на државата и ненавлегувајќи во работата на органите на прогонот, јасно е дека со сите досегашни потези и континуирани напади од самиот избор на новото раководство на општина Центар, власта покажува дека не може да се помири со губењето на власта во општината и со губењето на довербата од граѓаните.

Јавноста затоа е во дилема, дали органите на државата ќе постапеа на ист начин и кон претседател на Совет на било која општина со која раководи ВМРО – ДПМНЕ?

Дали законите во Република Македонија се применуваат селективно, реагира Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар