(ВИДЕО) Жерновски: Апел до советниците – безбедноста е пред бизнис интересите и криминалните планови

Од:

На прес конференција која се одржа пред градинката Кочо Рацин – клон Панорама, каде што пред еден месец се урна потпорниот ѕид, градоналачникот на општина Центар, Андреј Жерновски, упати апел до оние кои имаат наредба на утрешната седница на Советот на општината да ги гласаат трите ДУП-а: Тасино Чешмиче 1, Мал Ринг и Капиштец – Водно, да размислат уште еднаш бидејќи ничии бизнис интереси и криминални планови не смеат да бидат пред интересите и безбедноста на граѓаните.

dupovi-centar

„Ако оваа драматична слика од паднатиот потпорен ѕид не загрижува никого и не размислуваат дека доколку ова се случеше преку ден – овде ќе имаше жртви и тие ќе беа нечии деца и внуци, тогаш е јасно кои се вистинските мотиви ВМРО –ДПМНЕ да предлага ДУП со хотел од 10 спрата. Да мислиме за безбедноста , а не за бизнис интересите“, изјави Жерновски во врска со ДУП-от Тасино Чешмиче 1.

dupovi-centar1

Градоначалникот на општина Центар ги покажа ДУП-овите од 2009та за оваа локација, на кои се гледа дека има предвидено објект со 1 спрат висина, од 2010та, каде што се предвидени 4 спрата и оној ДУП кој го предлага ВМРО – ДПМНЕ за утрешната седница, кај што се предвидува изградба на десеткатен хотел.

dupovi-centar2

„Во 2009-та година, кога бил предвиден само 1 спрат, ИЗИС констатирал дека параметрите на земјиштето го немаат потребниот фактор на стабилност, ако за 1 спрат експертите се загрижени за безбедноста и стабилноста на земјиштето, тие што утре имаат намера да гласаат за овој ДУП, нека сфатат што ќе значи изградба на десеткатница“, изјави Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски