Женски чанти и куфери запленети на Меџитлија

Од:

На граничниот премин Меџитлија е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа.

– Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, стои во соопштението од Царинската управа.

Непријавените производи, се подвлекува, се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка.

Би можело да ве интересира

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

На „Меџитлија“ во прекин е сообраќајот за товарни возила

Граничниот премин „Ники“ – „Меџитлија“ е затворен за товарни возила

Горан Наумовски

Повторно попладневни блокади на граничните премини „Евзони“ и „Ники“ кон Македонија

Повторно блокади на премините кон Грција, двапати по четири часа