Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите

Од:

Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите, соопштуваат од Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи.

Со измените е предвидено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години, да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“.

– Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол, велат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Лога: Жалам што се дозволи да застари „Титаник 2” и тоа за ист обвинет

Горан Наумовски

Османи смета дека Уставот треба да се отвори само за вметнување на Бугарите, не и за други прашања

Македонија повторно ќе бара екстрадиција на Груевски, аргумент ќе бидат Хашките ќелии

Катерина Павлова-Николовска

Шпенд Тахири е сменет затоа што е од Алтернатива, МВР се кити со туѓи перја за тунелот во Идризово тврдат од неговата партија

Катерина Павлова-Николовска

Почина затвореник во „Идризово“

27-годишен затвореник почина во „Идризово“