Жена загина во верижен судар кај Кадрифаково

Од:

Седумдесет и четири годишната Живка Димева од Свети Николе го загуби животот во тешка верижна сообраќајка што се случи вчера околу 18.30 часот на регионалниот пат село Миладиновци – Свети Николе, кај село Кадрифаково.

Во сообраќајната несреќа учествувале трактор управуван од Б.Д. (50) од Свети Николе, патничко возило комбе „фолксваген“ управувано од О.С. (33) од Штип, товарно возило „фиат дукато“ управувано од В.Б. (27) од Куманово и патничко возило „форд мондео“ управувано од Н.М. (23) од Штип.

Во сообраќајката со повреди се здобиле и возачите на возилата и сопатникот во товарното возило, информираат од МВР и подвлекуваат оти на сите им е укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Штип.

На местото на настанот полицијата изврши увид, во присуство на истражен судија и јавен обвинител и работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он