Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Од:

Четириесет и двегодишна жена од струмичкото село Робово им подлегнала на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во селото.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 8 јули околу 13:50 часот во село Робово, при судир меѓу патничко возило „Опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Г.Р. (42) од Робово, и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (32) од Скопје.

Во несреќата возачката на „Опелот“ се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде подоцна починала.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Струмица, а причините за несреќата се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски