Жена се фрли од зграда во центарот на Велес

Од:

Седумдесет и три годишна жена се фрли утрово од деветти кат од кулата во центарот на Велес.

Настанот се случил околу 10 часот, а го пријавил еден од соседите кој бил очевидец.

Портпаролот на МВР Лиза Бендевска потврди за МИА дека станува збор за 73-годишната М.П. од Велес која живеела во кулата на улица „Илинденска“ бр 2.

– Од СВР Велес извршија увид на настанот  и се уште работат на расчистување на случајот, рече Бендевска.

Како што велат од Брзата помош со паѓањето од 30-тина метри жената починала на самото место и веќе била почината кога тие пристигнале.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип