Жена почина во пожар во Охрид

Од:

Вчера околу 07.15 часот во стан на ул. „Туристичка“ во Охрид, сопственост на М.Д. (70), од засега непознати причини, избувнал пожар.

Во пожарот починала М.Д., која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

По пријава од сосед за пожарот, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид излезе на увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи.

Во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, јавниот обвинител издаде Наредби за прибирање на траги од лице место врз кои претстои вештачење. Ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната енергија во станот, како и екипи на крим техника. Основното јавно обвинителство Охрид издаде и Наредба за вршење на обдукција над телото на починатата.​

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум