Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Од:

Полициски службеници уапсиле жителка на Штип, која малолетниот внук го принудувала да питачи во Дебар.

-Вчера во 12.15 часот, полициски службеници, ја лишија од слобода Д.Д. (57) од Штип која претходно го присилила нејзиниот малолетен внук да питачи на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Дебар, адвокат за малолетничка деликвенција и на неговата мајка Н.М., со малолетникот е извршен разговор, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него по консултација со јавен обвинител против Д.Д. и Н.М. ќе биде поднесена кривична пријава за „запуштање и малтретирање дете“.

Појавата на питачење по улиците на Дебар е честа појава, посебно пред и за време на верски празници, како и во летниот период кога во родниот крај масовно престојуваат печалбарите. Питачи, и деца и возрасни, најмногу се од Прилеп, Гостивар и Велес.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он