Жена и бебе изгореа утрово во Охрид

Од:

Жена и бебе изгореа утрово во Охрид. Бараката во која што живееле се наоѓа на излезот од градот во населбата Чекоштина.

До несреќата дошло кога во бараката избувнал пожар.

Пожарот го пријавил вработен во бензинската пумпа во непосредна близина.

Двете тела според првичните информации целосно биле јагленосани. Прво го пронашле јагленисаното тело на мајката, а во соседната соба на креветот и мртвото бебе.

„Се упатив на лице место при пребарување на самиот објект најдено е бебето на каучот во импровизираната детска соба”, изјави Спасе Прентоски командир на Противпожарна единица во Охрид.

Во текот на денот ќе биде извршена обдукција.

Според неофицијалните информации станува збор за лица од ромска националност.

Бебето било на возраст од три до четири месеци.

Полициски екипи вршат увид на лице место и работат на утврдување на причините поради кои дошло до пожарот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата