А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Железници Транспорт: Во тек се преговари за техничките недостатоци на гарнитурите, можна арбитражна постапка

by А1он23/08/2019 - 16:02772
Share0

Во тек се преговори со кинеската компанија ЦРРЦ за исполнувањето на обврските од договорите за обнова на возниот парк со патнички гарнитури и локомоти, а кои се однесуваат на техничките недостатоци на гарнитурите. Доколку преговорите не бидат успешни, како правна можност е започнување на арбитражна постапка пред Арбитражниот суд во Скопје, изјавија од Железници на Република Северна Македонија – Транспорт.

Добивај вести на вибер

Првата електрична локомотива од Договорот за набавка, како што укажуваат, пристигна во мај годинава. За да се добие дозвола за пуштање во сообраќај локомотивата треба да поседува Европски Сертификат за импероперабилност (ТСИ Сертификат) и да биде извршен нејзин технички прием, согласно Техничката докиментација, од страна на МЖ Транспорт АД Скопје. До овој момент во МЖ Транспорт АД Скопје, се уште не е пристигната комплетната Техничка документација, а исто така локомотивата се уште не е обезбедена со тој Сертификат, велат од железничкото претпријатие.

Оттаму информираат и дека не е извршен технички прием на пристигнатите две електро моторни гарнитури и четирите дизел моторни гарнитури поради тоа што се воочени одредени технички недостатоци, кои не го загрозуваат нивното учество во сообраќајот, при почнување на процедурата за технички прием.

Во мај годинава од Железници на РСМ соопштија дека го обновиле возниот парк со нова електрична локомотива од кинеската компанија ЦРРЦ и оти за пуштање во сообраќај на локомотивата е добиено решение од Управата за сигурност во железничкиот сообраќај. – Локомотивата е дел од четирите електрични локомотиви што ќе пристигнат во текот на оваа година од производителот ЦРРЦ – Кина, а се дел од проектот за обновување на возниот парк на МЖ Транспорт АД-Скопје, финансиран од страна на ЕБОР и Владата, најавија тогаш од железничкото претпријатие.

Договорот за набавка на четирите електрични локомотиви беше потпишан во јануари 2017 година.

Според податоците од Железници на РСМ – Транспорт, во првата половина од годинава во домашниот патнички превоз имало 276 137 патници, а во истиот период минатата година се превезени 276 602.

elektricen vozzeleznica

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Почеток на изградбата на градски воз, железницата на пат кон развој

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:57

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Предраг Петровиќ11/09/2024 - 15:43

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Катерина Ѓуровски03/06/2024 - 09:16

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Катерина Ѓуровски23/06/2023 - 10:18

Најавен нов прекин на железничкиот сообраќај

Катерина Ѓуровски26/11/2021 - 08:10

Некој украл тегови од пругата кај Кванташки пазар, со часови бил прекинат меѓународниот железнички сообраќај

Жарко Настоски24/06/2021 - 18:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен