Железничкиот сообраќај во прекин, машиновозачите чекаат средба со менаџментот на компанијата

Од:

Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.

– Сообраќајот сеуште е во прекин. Го чекаме состанокот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим, изјави денеска Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија- Транспорт“.

Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.

Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.

Би можело да ве интересира

Возовите од Скопје за Велес втор ден доцнат и по 40 минути поради оштетенен насип на пруга помеѓу Лисиче и Драчево

Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија

Столбот на мостот на Црна река преку кој поминува возот ќе се прави околу два месеци

Десет дена нема воз Скопје-Битола

Се бара решение за напукнатиот столб на мостот на Црна, железничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин

Поради расипана локомотива трет ден не сообраќа единствениот воз Скопје – Битола