А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Железничкиот сообраќај во Македонија се уште во застој

by А1он24/02/2017 - 09:02184
Share0

Железничкиот патнички и товарен сообраќај во Македонија седми ден е целосно блокиран поради протестот на вработените во претпријатијата во Македонски железници, кои бараат исплата на јануарската плата.

Добивај вести на вибер

Од МЖ Транспорт во вторникот најавија дека до крајот на месецов треба да се исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10-ти март и вториот дел, што е неприфатливо за вработените кои бараат целосна исплата на платата.

Ѓоко Илиески од Иницијативниот одбор за спроведување на протестот информира дека три дена немаат повратна информација од раководството на МЖ Транспорт, ниту најава за средба и разговори.

– Протестот ќе продолжи до исполнување на барањето за исплата на платата за јануари. За четири дена завршува месецот и ако не се промени нешто барањето ќе биде исплата на две плати, а загрижувачки е што во тој случај од први следниот месец ќе немаме здравствено осигурување, изјави денеска Илиески.

Владата на завчерашната седница донесе одлука да бидат префрлени дополнителни 70 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски за потребите на МЖ. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вчера апелираше МЖ да продолжи со работа истакнувајќи оти така ќе може да ги исполни законските можности за да бидат префрлени дополнителните средства и за да ги реализира договорените обврски што ги има со своите коминтенти.

Од Владата вчера не ја потврдија информацијата за оставка на генералниот директор на МЖ Транспорт Никола Костов. Портпаролот Ѓорѓиев во одговор на новинарско прашање рече дека имаат чувство оти има обид за прикриена политизација и мешање на политички сили во рамки на актуелната состојба. – Имаме информации дека мал број вработени ја попречуваат работата на 3.000 лица кои се вработени во железницата и тоа треба да прекине. Треба луѓето да работат за да можат да ја добијат дополнителната поддршка и за да можат да си ги извршуваат нивните обврски кон коминтентите, да остваруваат дополнителни приходи и да не предизвикаат штета во нивното работење поради евентуално неисполнување на договорните обврски, изјави Ѓорѓиев.

zeleznici

Би можело да ве интересира

Прекина бојкотот во М.Ж. „Транспорт“, железничкиот сообраќај се нормализира

Горан Наумовски02/12/2025 - 08:4002/12/2025 - 08:41

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on24/10/2023 - 11:36

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on22/07/2023 - 16:1122/07/2023 - 16:23

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on05/07/2023 - 11:49

(ВИДЕО) Бесплатниот студентски билет го претовари возот за Битола: Кавги помеѓу патниците кои се набиени еден до друг

A1on21/10/2022 - 16:1821/10/2022 - 17:11

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

A1on04/08/2021 - 15:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен