Железничкиот сообраќај кон Грција во прекин до полноќ

Од:

Железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција денеска е во прекин поради штрајкот на вработените во грчкиот јавен превоз.

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот ќе биде во прекин до 24 часот.

Во Грција денеска се одржува генерален штрајк, во пресрет на утрешното гласање во Парламентот по пакетот-закони за ревизија на државниот сектор, што е услов за продолжување на финансиската помош од меѓународните кредитори.

Кон денешниот штрајк најавија приклучување и вработени во железницата, во атинскиот приградски железнички сообраќај и делумно во метро превозот.

Би можело да ве интересира

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

(ВИДЕО) Бесплатниот студентски билет го претовари возот за Битола: Кавги помеѓу патниците кои се набиени еден до друг

A1on

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

A1on

Трет ден не работат сигналните рампи поради уништен кабел на пругата Велес-Згропалци од невремето

А1он