Железничкиот сообраќај ќе се нормализира од полноќ

Од:

Железничкиот сообраќај од ноќеска на полноќ ќе се нормализира откако претставниците на Машинскиот персонал на МЖ Транспорт постигнаа договор за поставените барања вечерва на средба со ресорниот министер Горан Сугаревски и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Од Министерството за транспорт и врски и од Машинскиот персонал потврдија дека на средбата е договорено да се исполнат барањата за зголемување на додатоците на плата и на коефициентите за сложеност на работни места.

– Постигнавме договор за барањата и возовите од полноќ ќе сообраќаат редовно. Исполнети се барањата за додатоците на плата и за коефициентите за сложеност на работни места, изјави претставникот на Машинскиот персонал Душко Чакаровски.

Тој не соопштува детали за постигнатиот договор со кој, како што рече, добиле ветување и дека во наредниот период платата ќе ја добиваат во целост, наместо во два дела како досега.

Машинскиот персонал го почна протестот вчера со редуцирање на домашниот патнички и товарен железнички сообраќај, а денеска дојде до целосен прекин на сообраќајот во железницата.

Би можело да ве интересира

Прекина бојкотот во М.Ж. „Транспорт“, железничкиот сообраќај се нормализира

Горан Наумовски

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

(ВИДЕО) Бесплатниот студентски билет го претовари возот за Битола: Кавги помеѓу патниците кои се набиени еден до друг

A1on

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

A1on