Жданец доби нов плоштад и реконструирани скали

Од:

Реконструираните скали и урбаниот плоштад во населбата Жданец денеска беа официјално пуштени во употреба од градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Пред околу две седмици им дадовме ветување  на граѓаните на населеното место Жданец дека на големиот македонски празник, официјално ќе биде отворен  плоштадот и реконструираните скали  и тоа денес го остваруваме.  Целиот овој инфраструктурен проект во кој е вклучена реконструкцијата на скалите со поставување на корпи за отпадоци и жардиниери со цвеќиња, како и мини плоштад со урбана опрема во која се вклучени  креативни елементи вкупно чини осум милиони денари. Морам да напоменам одново дека овој од преку 2.400 проектни решенија, влезе во потесен круг од 100 најдобри креативни решенија на Меѓународен натпревар во Германија, рече Јакимовски.

Целта на ова урбано катче, како што додаде тој, е релаксација и рекреација на жителите на Жданец, преку кое ќе може да создаваат нови пријателства, како и да разменуваат мислења меѓусебно.

– Постојано се трудиме, во сите урбани заедници да изградиме и да направиме вакви  урбани простори, облагородени со зеленило, со клупи и корпи за отпадоци, се со цел граѓаните преку ден, како и во вечерните часови, да ги користат за прошетки, одмор и  забава за најмалите карпошани, напомена Јакимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи