Жбогар: Со нетрпение очекуваме да се формира новата влада

Од:

Очекуваме што поскоро да се формира влада во чиј фокус на активности би биле евроинтеграциите како цел која ја поддржуваат сите политички партии во земјата. Одлуката за тоа е во рацете на партиите во Парламентот, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Прилеп.

– Со нетрпение очекуваме формирање на новата влада. Гледаме дека сите политички партии во земјата ја поддржуваат агендата на ЕУ. Веруваме дека токму оваа ЕУ агенда е центарот или ткивото кое би ги обединило сите политички партии во земјата, и таквата агенда секогаш ќе има потреба од широка поддршка, не само од партиите кои се на власт, туку и од опозицијата. Токму на тој начин или во тој контекст ние гледаме една силна влада која ќе притиска, или ќе работи на имплементација на ЕУ-агендата и ќе направи прогрес, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање што да се очекува и какви пораки ќе испрати еврокомесарот Јоханес Хан кој се најави дека в четврток ќе дојде во посета на Македонија.

Тој истакна дека Хан ќе има билатерални средби со политичките лидери, како и со други чинители.

– Мислам дека со неговото доаѓање ќе добие подобар впечаток, од прва рака, за тоа каде сме и на кој начин ние како ЕУ можеме понатаму да ја подджиме земјата, изјави Жбогар.

На прашањето дали широка коалиција ќе ја надмине политичката криза во земјава, Жбогар рече дека создавањето коалиција или каков било вид влада што ќе се формира е одлука на политичките партии.

– Тоа е работа или одлука на политичките партии во Парламентот да одлучат каков вид коалиција, каков вид влада сакаат да формираат. Ние како ЕУ немаме никаков став или гледиште во врска со тоа прашање. Меѓутоа, тоа што е во наш интерес е да се формира една силна коалиција во поширокиот контекст, во контекст на тоа без разлика дали партиите се на власт или опозиција, сите да дадат поддршка на реализација на ЕУ-агендата, рече евроамбасадорот Жбогар при денешната посета на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски