Жбогар: Сите страни и чинители во земјата треба во преден план да ги стават интересите на државата

Од:

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека позицијата на ЕУ е јасна и едноставна дека не коментираат судски процеси и дека треба да се остави судството да ја врши својата работа.

– Уште веднаш по настаните од 27 април нагласивме дека треба да има отчетност за сето што се случуваше во Парламентот. Нашите очекувања се сите страни и чинители во земјата во преден план да ги стават интересите на државата и нејзината иднина, рече Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање по форумот „Децентрализацијата повторно во фокус“, што во организација на Министерството за локална самоуправа, Мисијата на УНДП во Македонија и Делегацијата на ЕУ од попладнево се одржува во Струга.

Би можело да ве интересира

Османи до Жбогар: Сите административни капацитети во функција на реформите за членство во ЕУ

Ана Ололовска

Спасовски до Жбогар: Ви благодариме за посветеноста во приближувањето на нашата држава кон ЕУ

Ана Ололовска

Жбогар одржа прием по повод неговото заминување

Ана Ололовска

Жбогар на проштална средба со Џафери во Собранието

Жарко Настоски

Жбогар: По летните одмори ќе продолжат дискусиите за преговарачката рамка

Жарко Настоски

Жбогар со 30 фотографии на Твитер ќе одбројува до завршувањето на својот мандат

Ана Ололовска