Жбогар: Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не можам да кажам што ќе содржи

Од:

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре. Станува збор за истата преговарачка рамка со слична структура како и за другите земји во регионот, со тоа што треба да ја интегрира новата методологија неодамна усвоена од Европскиот совет, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе биде објавена преговарачката рамка, што ќе содржи и дали ќе бидат опфатени добрососедските односи со Бугарија.

Во однос на Бугарија, Жбогар посочи дека добрососедските односи се важен елемент од процесот на проширување.

– Тоа е потврдено и дел од одлуката на Европскиот совет од март. Потребата од продолжување со спроведувањето на договорите постигнати со соседите и постојаниот развој на добрососедските односи секако дека ќе биде адресирано во преговарачката рамка, изјави Жбогар.

Тој нагласи дека еврокомесарот за проширувањеОливер Вархеји потврдил дека преговарачката рамка ќе биде објавена во јуни и верува дека се уште стои на овој датум.

– Ќе биде објавена во јуни. Верувам дека Европската Комисија многу брзо ќе ја претстави пред земјите членки. Потоа останува на земјите членки да ја разгледаат и конечно потврдат, и дури тогаш да биде финално презентирана пред вашата земја, изјави Жбогар.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ