Зарко Милошевски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Од:

Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот.

Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР, а неговата експертиза оттогаш до денес, кога е во Агенцијата за национална безбедност е во полето на спротивставувањето на насилен екстремизам, заштитата на уставното уредување како и во полето на спротивставувањето со тероризмот.

Милошевски своето професионално доусовршување го спроведува од 1999 година до денес преку учество на повеќе домашни обуки организирани и имплементирани од страна на Единицата за специјални задачи при МВР и Бирото за јавна безбедност при МВР, како и на повеќе обуки во странство организирани и имплементирани од страна на Стејт департментот на САД, Министерството за правда на САД, Министерството за одбрана на САД, Федералното биро за истраги на САД, Дипломатската безбедносна служба на САД, како и Канадската безбедносна и разузнавачка служба.

Би можело да ве интересира

Таравари потврди дека Мицкоски ја партизира АНБ вели СДСМ, помалку да пиете од апчињата за заборавање одговори ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Владата итно да го повлече Бојан Христовски од функцијата директор на АНБ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци

Горан Наумовски

Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави партиски функционер како Виктор Димовски

СДСМ: Бараме разрешување на Христовски од АНБ, тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ

АНБ не се политизира, неправдата врз Христовски е исправена и тој има безбедносен сертификат, вели премиерот Мицкоски