Зголемувањето на казните за неносење маски нема да даде ефект, смета Спасовски

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека неколкупати досега е отворено прашањето за зголемување на казните за неносење маски, но смета дека тоа само по себе нема да даде ефект.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се зголемат казните за неносење маски, со оглед на тоа што секојдневно се гледа непочитување на оваа мерка, Спасовски истакна дека издавањето повеќе казни, во моментов од 800 до 900 на ден, покажува дека имаме непочитување на мерката, но и дека „се покажува и решеноста да истраеме во спроведувањето на одлуките“.

– Не мислам дека само зголемувањето на казните ќе даде ефект. Некогаш е многу поважно ако треба и со помала казна, меѓутоа да се почитуваат тие мерки што ги имаме со поголеми контроли. Сметам дека малку и нивото на разбирање на сериозноста на состојбата со КОВИД-19 ќе не доведе уште повеќе да ги почитуваме мерките што ги предлагаат здравствените власти, а членовите на Влада ги носат одлуктие, со цел да ги заштитиме граѓаните, изјави министерот Спасовски, кој денеска учествуваше во хуманитарната акција во организација на Општина Гази Баба.

Во секоја кризна состојба, па и оваа со КОВИД-19, оцени Спасовски, превентивата и подигањето на јавната свест е најважната работа и затоа постојано се апелира до граѓаните.

– Многу е важно да ги почиуваме мерките и да разбереме дека се што се прави е за заштита на нашето здравје, на нашите семејства, на нашето опкружување, апелираше министерот за внатрешни работи Спасовски.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска