Зголемено нивото на Дојранското езеро, поплавена градската плажа

Од:

Повеќе од десет сантиметри над нултата кота е зголемено нивото на Дојранското езеро од неодамнешните обилни врнежи од дожд, кои, според хидролошките мерења достигнаа количини од 150 литри на квадратен метар во дојранскиот регион.

Водата од езерото стигна речиси до бетонскиот заштитен ѕид и ја поплави новата градска плажа, како и околните плажи и останати содржини на крајбрежјето, јави дописникот на МИА.

Според хидролозите,водата од езерото по околу 25 години полека се враќа во некогашните рамки,што значи дека не станува збор за негово излевање, туку враќање на водата во старото корито.

Поради подобрената хидролошка состојба последните две години нивото на Дојранското езеро бележи постојан пораст за што придонес има и системот за полнење на езерото.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Албански државјанин се удави во Ораховачко Езеро

Момче се удави во езеро во Хрватска

А1он

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ