Зголемена потрошувачката на вода во Куманово

Од:

Дневната поторшувачка на вода во Куманово просечно изминативе денови изнесува од 330 до 350 литри вода во секунда, информираат надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Високите температури се причина за зголемената потрошувачка на вода во Куманово.

Просечно, годишно, потрошувачката на вода во Куманово се движи од 250 до 270 литри вода во секунда. Дневната потрошувачка е речиси двојно поголема од ноќната во овој период.

– Сепак мора да се потенцира дека во однос на претходните години во летниот период, оваа година имаме помала потрошувачка на вода, бидејќи летниот период се карактеризираше со пониски темепратури и чести врнежи, вели помошник-директорот на ЈП „Водовод“, Драган Јаневиќ.

Претходните години во  летниот период, кумановци трошеа и до 380 до 400 литри вода во секунда.

Намален дотур на вода деновиве не регистрира претпријатието бидејќи целосно се искористени сите извори за нормално водоснабдување, главниот вод, четвртата гранка и двата алтернативни извори од населбите Бедиње и Проевце.

– Располагаме со доволни колични вода во овој период и покрај зголемената температура, истакна Јаневиќ.

И покрај фактот што нема проблеми со водоснабдувањето, од претпријатието апелираат во овие денови на зголемена потрошувачка на вода, граѓаните да внимаваат и рационално да ја користат водата.

– Водата на сите ни е неопходна, па затоа граѓаните треба крајно совесно и рационално да се однесуваат, што значи дека не треба да се користи водата од градскиот водовод за полевање бавчи, тревници, миење автомобили, додаде Јаневиќ.

Би можело да ве интересира

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он