Зголемена потрошувачката на вода во Крива Паланка

Од:

Потрошувачката на вода во Крива Паланка е зголемена, но издашноста на изворите од Калин Камен е доволна и нема проблем со водоснабдувањето во градот, информира јавното претпријатие „Комуналец“ во Крива Паланка.

Во периодот на екстремно високи температури потрошувачката на вода достигнала и до 70 литри во секунда.

– Нормалната потрошувачка на вода е од 20 до 30 литри во секунда, додека во деновите кога владееја тропски температури потрошувачката беше и до 70 литри во секунда. Во моментот дотурот на вода од Калин Камен изнесува 50 литри во секунда, но имаме и доволно залихи, четири резервоари со капацитет 1700 метри кубни вода кои ги задоволуваат потребните количини и нема недостиг на вода, изјави директорот на ЈП Комуналец, Томе Тодоровски.

Тој напомена дека потрошувачката на вода годинава е минимално зголемена во однос на минатото лето, а со падот на температурите опаѓа.

– Квалитетот на водата е согласно Законот за води и законските и стручни прописи по Правилникот за безбедност на вода и тој редовно се следи од страна на нашите стручни лица. Следењето на квалитетот на водата за пиење е преку повеќе параметри, меѓу кои микробиолошкиот состав, како и физичко-хемискиот состав, кој подразбира испитување присуство на пестициди, паразити и радиоактивни честици. Сите параметри редовно се испитуваат во Центрите за јавно здравје, потенцира Тодоровски.

Според него, квалитетот на водата за пиење во Крива Паланка е одличен.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски