Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Делчево

Од:

На граничниот премин Делчево е забележана зголемена фреквенција на возила, а надлежните очекуваат ваквата состојба да продолжи и следните денови поради вчерашниот празник и поврзувањето со викендот.

Во текот на вчерашниот ден преку овој граничен премин кон Бугарија поминале 3.550 возила.

– Најчесто во вакви постпразнични викенди фреквенцијата на возила е во пораст што се должи на вчерашниот празничен ден којшто луѓето го користат за да го поврзат со викендот. Имавме над 3.500 возила кои заминаа во соседството. Зголемување на бројот на патници се очекува и денес бидејќи имаме најавено организирани групи кои со автобуси заминуваат на неколку дневни екскурзии во соседна Република Бугарија, изјави командирот за гранични работи Зоранчо Багевски.

Задржување од македонска страна нема, а процедурата за проверка на соодветната документација се одвива според вообичаената пракса.

– Поради пазарниот ден во сабота, во правец кон Делчево утре се очекува поголема раздвиженост, вели Багевски.

Зголемена фреквенција на возила се очекува во недела попладне кога граѓаните ќе се враќаат дома.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ