Зголемена довербата во граѓанските организации

Од:

Граѓаните во државава се повеќе им веруваат на граѓанските организации, покажуваат последните наоди од истражувањето на тема „Довербата во граѓанското општество“ спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Иако последниве години постои тренд на умерено зголемување на општата доверба во граѓанскиот сектор, сепак оваа година за прв пат таа изнесува 54,2%, додека во 2010 година изнесувала 48,1%.

Емина Нурединовска од МЦМС, за А1он вели дека во принцип општо е зголемена довербата кај скоро сите институции и организации за кои што ги прашувале граѓаните, вклучувајќи ја тука и нивната општа доверба.

Таа објаснува дека под граѓанско општество според поширокото толкување покрај здруженијата и фондациите, ж се опфатени и црквите и верските заедници, синдикатите и организациите на работодавачите, како и стопанските комори. Во споредба со 2010 година, најмногу зголемувања имаме кај здруженијата и фондациите, 59,3%, а истата во 2010 изнесувала 42,5%.

„Општото зголемување на довербата се должи и на поединечното зголемување во секој од овие чинители“, посочува таа.

Сепак, наспроти зголемената доверба на граѓаните во граѓанските организации, голем дел од нив, односно 44,2% се изјасниле дека истите овие организации дејствуваат нетранспарентно и не даваат отчет за својата работа и финансии.

Оваа година граѓаните прв пат биле запрашани во однос на транспарентноста на институциите, додека минатите години тие се изјаснувале за тоа дали граѓанските организации делуваат за лични или странски интереси.

Нурединоска објаснува дека досега нивните резултати покажале дека граѓаните сметаат дека организациите се основаат за лични наместо за јавни интереси. Па ако се има предвид целото досегашно мислење за граѓанскиот сектор, вели таа, може да се направи и врската со перцепцијата дека организациите се не транспарентни.

doverbata

„Од претходни истражувања има заклучоци дека организациите немаат доволно развиени механизми за внатрешна демократичност односно дека се случува исти луѓе да ги вршат истовремено управните и извршните функции во организациите, што во принцип е спротивно на правилата ан доброто владеење“, објаснува таа, дополнувајќи дека и покрај тоа што граѓанските организации во бројни анкети тврдат дека се транспарентни, има наоди кои што потврдуваат дека на повеќето организации им недостасуваат системи и процедури за транспарентноста, особено за финансиската транспарентност која е идентификувана како слаба страна на граѓанските организации.

И во последниот извештај на Транспаренси интернешнал испитаниците сметаат дека корупцијата е многу присутна во НВО секторот, а 38% одоговирле дека НВО секторот е корумпиран.

Студентите и младите во државава се најголемите поддржувачи на граѓанските организации, односно 77% изјавиле дека им веруваат на истите. Нурединоска посочува дека ова е факт кој радува, и дека ако во 2010 година довербата во граѓанското општество од страна на младите и студентите била 69%, денес таа бележи големо зголемување.

Во извештајот може да се забележи дека голем дел на испитаниците, односно 43,5% сметаат дека политичките партии и нивните лидери кога имаат партиски интереси ги присвојуваат ставовите на граѓанските организации.

Нурединоска посочува дека соработката меѓу граѓанските организации и политичките партии е многу мала, па заради тоа меѓусебната доверба не може да биде на високо ниво.

Ова не соработување е видливо од страна на граѓаните и затоа претпоставувам како и за други прашања граѓаните не веруваат дека односот меѓу политичките партии и граѓанските организации може да биде искрен, вели Нурединоска.

Таа посочува дека за да се подобри ваквата состојба треба да има зголемена комуникација меѓу граѓанските организации и политичките партии, вклучувајќи и поголема проактивност од страна на граѓанските организации во подобрувањето на ваквата соработка.

Како препорака до политичките партии, Нурединоска посочува дека тие треба да ги слушаат ставовите на граѓаните и граѓанските организации како и како да се обидат особено кога се на власт да постапат кон реализација на искажаните барања и потреби од страна на организациите, притоа овозможувајќи им независно делување на граѓаснките организации и слободата во искажување на соствените ставови за одредени прашања.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор реагира поради пренамена на средства за животна средина од Буџетот

Ана Ололовска