Довербата во Зеленски опаѓа по контроверзната реформа на антикорупциските тела

Од:

Довербата на украинските граѓани во претседателот Володимир Зеленски падна на најниско ниво за шест месеци, се вели во најновото истражување спроведено од Меѓународниот институт за социологија во Киев (KMIS) помеѓу 23 јули и 4 август, објави Ројтерс.

Анкетата на KMIS, започната еден ден по контроверзното гласање на 22 јули, покажа дека на Зеленски моментално му веруваат 58 проценти од граѓаните, во споредба со 74 проценти во мај, кога беше забележан врвот во последните 18 месеци, и 67 проценти од периодот февруари-март.

Граѓаните беа особено критични кон брзината и недостатокот на транспарентност во донесувањето одлуки, што, според аналитичарите, го поттикна незадоволството во време кога борбата против корупцијата е еден од клучните услови за членство на Украина во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Азаров: Трамп има овластувања да се пресмета со Зеленски

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година