Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Од:

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 19 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за мај, а пониско е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,61 метар иако за 10 сантиметри го има надминатоа апсолутниот минимум. Единствено Дојранското Езеро има повисок водостој од просекот за мај и тоа за 2,79 метри.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава и кај најголем дел од нив има дополнително намалување во однос на вчера. Исклучок се реките Пчиња и Бабуна на мерните места во Катлановска Бања и Богомила каде водостоите се повисоки од просечните.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Расте нивото на Преспанското Езеро, опаѓаат водостоите на реките

Водостоите растат: Езерата и реките во Македонија бележат значително покачување

Блесна новогодишната елка во Охридското Езеро

Катерина Ѓуровски

Битолчанец се удавил во Охридското Езеро

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он