Зголемен бројот на заболени од грип во Крива Паланка и Ранковце

Од:

Бројот на заболени од грип на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце во јануари е зголемен во однос на претходниот месец. Во јануари биле регистрирани 58 случаи на заболени од грип.

– Пријавувањето на заболени, продолжува и понатаму. Овој месец на ниво на општините Крива Паланка и Ранковце има 58 заболени од грип. Во споредба со месец декември кога сме имале 38 заболени, бројто е зголемен за 20 случаи, но споредено со јануари минатата година имаме значително зголемен број бидејки истиот период во 2016 имало само 11 регистрирани случаи, изјави Елена Крстевска од хигиено-епидемиолошката служба на ПЕ Центар за јавно здравје Крива Паланка.

Во однос на возрасната популација од вкупно 58 заболени, 46 случаи се на возраст од 15 до 64 години.

-Повторно најзафатена возрасна група е од 15 до 64 години, но има и 12 заболени од грип на возраст над 65 години. Препорачуваме граѓаните да ги следат препораките за избегнување контакт со заболени од ова вирусно заболување како и поголеми собири, а секако, да внесуваат и доволно витамини и течности, додаде Крстевска.

Бројот на заболени од грип се очекува да се зголемува, бидејќи според статистиката од минатата сезона на пријавување бројот на регистрирани случаи бил најголем во месец февруари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка