Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домовите

Од:

Во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови во 2012/2013 година биле сместени  8.134 ученици/студенти, што е 2 отсто повеќе отколку во  2011/2012 година.

Според Државниот завод за статистика,  во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 235 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 38 домови: за ученици во основните училишта, за ученици во средните училишта, за ученици во средните верски училишта и во студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење на нивните родители/издржуватели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар