Зголемен бројот на туристи во октомври за 12,6 отсто

Од:

Бројот на туристи во октомври годинава изнесува 69.412, а на ноќевањата 155.719, што во однос на октомври  лани претставува зголемување за 12,6 отсто, односно за 9,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистик. 

Кај бројот на домашни туристи статистиката во октомви годинава споредено со октомври лани регистрирала зголемување за 12,3 отсто, а кај странските од 12,8 отсто. Пораст од 13,5 проценти има кај бројот на ноќевања на домашните туристи, а  од 6,4 проценти на ноќевањата на странските туристи.

Во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за пет проценти, кај домашните за 5,3 проценти, а кај странските за 4,8 проценти. Во првите десет месеци годинава бројот на ноќевања е зголемен за 2,7 отсто, кај домашните туристи за 3,7 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Туристи се заробени во Мексико: „Ова е без преседан, можеме само да се молиме“

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

По 22 часа и преспивање во расипан автобус, македонските туристи уште се враќаат од Истанбул

Предраг Петровиќ

Се зголемува туристичкиот промет и интересот на странските туристи од западноевропските земји за Македонија

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ