Зголемен бројот на пожарите во Кочанско на почетокот од овој месец

Од:

Кочанската територијална противпожарна единица од почетокот на овој месец интервенирала во 10 случаи на предизвикан пожар на отворено и тоа во атарот на село Пресека на Осоговските Планини, трипати и во полскиот дел од општината. Во овие пожари била опожарена нискостеблеста шума и стрништа, а во село Пресека и борова шума.

Ова денеска го соопшти командирот на Територијалната противпожарна единица на Кочани Дејанчо Арсов кој информираше дека има зголемување на пожарите во општините од регионот на Кочанско.

– Не помогнаа ниту апелите, ниту разговорите и советите со населението на терен. Најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор, при што е направена големна материјална штета, истакнува Арсов.

Само во август се регистрирани 33 интервенци од наша страна, додава Арсов, при што е опожарена површина од 361 ха. Најмноги во овие пожари страдаше борова и букова шума во атарот на селата Зрновци и Мородвис на планината Плачковица.

– Во споредба со јули бројот на пожарите последните два месеци енормно се зголемува, па оттука и будноста на нашата ТППЕ како и на екипи од Шумското стопанство Осогово е голема, истакнува Арсов.

Тој посебно апелира до земјоделеците од полскиот дел на општината да не ги палат стрништата по жетвата на оризовата култура која стартува за десетина дена,за да не се пердизвикаат пожари и штети со несогледливи последици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот