Зголемен број патници во воздушниот сообраќај, намален во железничкиот

Од:

Во третото тримесечје од годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 25,4 проценти, во воздухопловниот превоз е намалено за 5,2 проценти, а во железничкиот превоз е намалено 15.1 проценти во споредба со истиот период лани.

Во истиот период, во патничкиот превоз бројот на превезените патници споредено со лани не се бележи значителна промена. Годинава во патничкиот сообраќај биле превезени 3.804.000 патници, а лани 3.841.000.

Бројот на превезени патници во железничкиот сообраќај во третото тромесечје се намалил за над 100.000 патници, односно годинава биле превезени 244.000 патници, за разлика од лани истиот период кога биле превезени 352 илјади патници.

Зголемување на бројот на превезени патници има во воздухопловниот превоз, каде за истиот период годинава биле превезени 306.512 патници, додека лани биле превезени 298.550.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ