Зголемен број интервенции регистрира кумановската Итна помош

Од:

Службата за итна помош Куманово регистрира за 10 до 15 проценти зголемен број интервенции, откако температурите се искачија над 30-тиот степен, информираа денеска лекарите од оваа здравствена установа. Најчесто помош бараат хронично болните лица.

– Често ни се јавуваат пациенти кои имаат симптоми зголемен крвен притисок, повраќање и гадење, изјави доктор Дејан Димчевски од Итна Помош, Куманово.

Лекарите ги советуваат хронично болните пациенти редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на сонце во периодот од 10-17 часот, доколку излегуваат да носат лесна и светла облека и да внесуваат течности.

Во овој период често се јавуваат и пациенти кои бараат помош и за цревни заболувања.

– Најчесто станува збор за деца, но заболуваат и повозрасни лица. Симптомите се дијареа, општа малаксаност, гадење, повраќање, вртоглавица и главоболки, вели доктор Димчевски.

Високото ниво на лична хигиена, обилно миење на овошјето и зеленчукот, правилно чување на храната се превентивните мерки за заштита од ова заболувања, велат лекарите од Итна Помош, Куманово. Што се однесува до лицата кои патуваат на одмор, лекарите од Итна Помош посочуваат дека граѓаните треба со себе да носат вода и овошје и за време на патувањето да избегнуваат да јадат брза храна и слатки.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски