Зголемен број интервенции на беровската полиција во изминатото деноноќие

Од:

Зголемен број интервенции на беровската полиција во изминатото деноноќие. Поради агресивно однесување кон полициски службеник, 41 годишен беровчанец приведен во Полициската станица.

Од беровската полиција информираат дека во изминатите 24 часа полцијата интервенирала и во тепачка помеѓу две лица од Берово и Битола.

– По пријава на соседите полицијата спречи поголем инцидент помеѓу беровчанецот С.Г и битолчанецот А.М. кои по кратка расправија тргнале физички да се пресметаат, информираа од полицијата.

По разгледувањето на прекршоците од двата случаи најавени се соодветни поднесоци против лицата учесници во горенаведените инциденти.

Воедно од беровската полиција информираа дека во заедничка координирана акција со нивни колеги од Берово спречена е нелегална сеча на дрва.

– Случајот е регистриран во атарот на село Двориште каде во акцијата за спречување нелегална сеча пронајдена и запленета е една приколка со огревно дрво, додадоа од полицијата.

Запленетите дрва како што се дополнува во соопштението од полицијата се предадени на Шумско стопанство Малешево – Берово за понатамошна постапка

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски