Згасна „Радио Охрид“, најстариот охридски медиум

Од:

Неколку дена наназад, фреквенцијата 89,0 преку која зрачеше најстариот охридски медиум, „Радио Охрид“, не е активна во радиоетерот.

За причините официјално никој не сака да зборува. Згаснувањето на сигналот дошло како последица на одлуката на охридската фирма „Маеми“, која пред околу една година го купи радиото од претходниот сопственик АМАК-СП, нo не го впишала својот удел како сопственост во Централнот регистар, објави Мета.

Охриѓани, редовните слушатели, особено новинарите, со неверување ја примија оваа информација бидејќи овој охридскиот медиум опстојува околу шест децении и е најстар во градот воопшто, но и еден од најстарите во Македонија.

За новинарот и негов долгогодишен раководител, Милчо Јованоски, „Радио Охрид“ во колективната меморија на Охрид е врежано како нешто повеќе од медиум, бидејќи беше и е трезор на непроценливо архивско богатство, значајно за градот и за земјата.

– Да не звучи како фалба, ама за времето на моето уредникување од цели девет години и плус директорување и управителство од повеќе од шест години, првата помисла ми беше дигитализацијата на техниката и на отворањето на новото студио. Заедно со тимот со кој соработував ја дигитализиравме програмата во околу 70 проценти – вели Јованоски.

„Радио Охрид“ речиси 60 години беше медиум од кој излегоа плејада новинарски имиња кои ја пишуваа градската историја низ децениите.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски