Зетот на градоначалникот на Подградец одгледувал марихуана во Oхрид

Од:

Зетот на градоначалникот на албанскиот град Подградец одгледувал марихуана во селото Оровник-Охрид, јави Ора њуз телевизија. Медиумот додава дека македонската полиција открила 3.000 садници марихуана, 100 литри масло од канабис и 600 килограми сува марихуана.

– Фабриката за марихуана била регистрирана како подружница на фирмата „Гринего 2018“ од струшкото село Дрслајца, но немала дозвола за производство на марихуана, наведува телевизијата.

Според истиот извор, во акцијата биле уапсени десет лица, меѓу кои и зетот на градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, за кој се вели дека бил „сопственик во сенка на оваа фабрика“.

Во кусиот телефонски разговор Џаколи рекол дека зетот е на одмор во Турција и негирал каква било поврзаност на неговиот зет во ова нелегална активност.

Би можело да ве интересира

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он