Зендели: Договорот за македонското државјанство е чекор назад за Албанците

Од:

Договорот со Грција за македонското државјанство е чекор назад за Албанците, ние имаме свој идентитет. Досега стоеше Република Македонија, а не македонско државјанство, рече пратеникот на опозициската Беса, Фадил Зендели. Тој претходно го праша премиерот Зоран Заев како ќе пишува во делот за државјанство во пасошите?

„Во договорот се вели македонско/Граѓанин на Северна Македонија. Како ќе стои за Албанците е важно? Дали ќе стои Македонци или државјани на Северна Македонија?“, праша Зендели.

Заев одговори дека токму поради мултиетничноста на државата, ќе стои македонско/ Граѓанин на Северна Македонија. „Секако доколку има уставни измени“, рече Заев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции