Земон: ВМРО-ДПМНЕ со преку 200 амандмани го сокрива мега корупцискиот скандал во охридскиот универзитет

Од:

Пратеникот Рубин Земон денес одржа прес конференција во Собранието на Република Северна Македонија, на која укажа на јаловиот обид на ВМРО- ДПМНЕ, со преку 200 амандмани да го скрие мега корупцискиот скандал и организиран криминал во охридскиот универзитет Св. Апостол Павле.

Ова е дел на тековната стратегија на ВМРО- ДПМНЕ да се попречи расчистувањето со криминалот за време на нивниот режим.

Опасноста за затворањето на Универзитетот во Охрид е поради тоа, што според Законот за високо образование, бројот на вработени доктори на науки по информатика е далеку под бројот за функционирање на факултетиските единици по информатички науки, голем број на ангажирани професори се со ненострифицирани дипломи, меѓу кои и т.н. ректор кој скоро 9 години ректорува без соодветна нострифицирана диплома за завршени докторски студии.

Поради ваквата неодржлива состојба универзитетот нема законски основи да добие реакредитација за работа.

Пратеникот Рубин Земон ги повика јавното обвинителство, како и антрикорупциската комисија, но и сите овластени државни органи да ургентно и соодветно го процесуираат овој мега скандал, што ги надминува академските рамки, што ќе биде и наш придонес кон успешното започнување на преговорите за зачленување во ЕУ.

Со овој потег на ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат донесувањето на предлог Законот за Универзитетот Св.

Апостол Павле преку 200-тина небулозни амадмани, на текстот од Законот што претходно беше усогласен, врз основа на добиена директива во „5 до 12“, тие застанаа на страната да го бранат и кријат криминалот, застана против развојот на Охрид во респектабилен универзитетски град, застанаа против одржливата заштита на животната средина, како и против унапредувањето на заштитата на културното наследство.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ