Земјотресите најмногу почувствувани во Дебар, Кичево, Тетово, Гостивар и во Маврово

Од:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 12.03.2021 година во 20 часот и 40 минути, регистрира серија на земјотреси од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скопје.

Најсило беше почувствуван земјотресот со локална Рихтерова магнитуда ML4.6.

Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала.

Земјотресот во 22 часот и 28 минути кои потекнува од истото епицетрално подрачје и со Рихтерова локална магнитуда ML4.4 според досегашните податоци најсилно беше почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Тетово, Гостивар и Кичево со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Чешка

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар

Трагедија: Сопругата и децата на аргентински фудбалер пронајдени мртви по разорниот земјотрес во Венецуела

ВИДЕО: Чудо во Венецуела: 11-годишно момче извлечено живо од урнатините три дена по разорниот земјотрес