Земјотрес во Малешевскиот регион со јачина од 2,9 степени по Рихтер

Од:

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувствуван во Пијанечко-Малешевскиот регион.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран вечерва во 19 часот и 45 минути, со епицентар 112 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево – Берово, со Рихтерова локална магнитуда 2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија