Силни земјотреси во гостиварско-мавровскиот регион

Од:

Два силни потреса, со јачина од 4,7 и 4,4 степени по Рихтер вечерва го погодија гостиварско-мавровскиот регион, а земјотресите беа почувствуван во Скопје и во повеќе градови во западниот дел од земјата.

Според сведоштвата на луѓе кои живеат во областите блиску до епицентарот, вечерашните земјотреси ги вознемириле граѓаните, а голем број туристи планираат утре да го напуштат Маврово поради страв од нови потреси.

Европско-медитеранскиот сезимолошки центар бележи дека потресите биле на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.

Првиот потрес се случи во 22 часот и 17 минути, а вториот земјотрес во 22:28, а и двата биле во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Претходно, телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 20 часот и 40 минути, регистрираше послаб земјотрес од три степени, во истото епицентрално подрачје.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија