Земјотрес од 5 степени го потресе Охрид

Од:

Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала попладнево во 13:18 часот повторно го потресе охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот бил 12 километри североисточно од Охрид, на длабочина од 10 километри.

Два земјотреса беа почувствувани и рано изутрината во охридското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентрите на овие земјотреси биле на 10 километри источно од Охрид. Првиот е регистриран во 3 часот и 9 минути со Рихтерова магнитуда 2,8 а беше почувствуван во Охрид, Ресен и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Вториот се случи во 3 часот и 54 минути со Рихтерова магнитуда 3,7 и интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци, земјотресите од оваа серија, која започна од 18 јуни, освен вознемиреност кај населението во охридското епицентрално подрачје, не предизвикале материјални штети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мјанмар

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Горан Наумовски