Земјотрес регистриран во струмичкото подрачје

Од:

Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во земјава во струмичкото подрачје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 23 часот и 33 минути, регистрирала земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Земјотресот имале локална Рихтерова магнитуда ML3.0, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово