Земјотрес почувствуван во Пехчево и околината

Од:

Земјотрес со локална магнитуда од 2.4 степена по Рихтер е регистриран утрово во 04 часот и 48 минути чиј епицентар припаѓа на подрачје Делчево – Берово, 124 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно