Земјотрес регистриран во близина на Берово

Од:

Земјотрес со јачина од 3.4 степени според Рихтер, денеска околу 13:30 часот беше почувствуван во Пијанечко-малешевскиот регион.

Граѓани јавуваат дека истиот бил краткотраен, но се почувствувал и предизвикал мала паника неѓу населението.

– Отприлика 7,8 секунди траеше потресот и како стоев на земја како да ме подигна од земја. Истиот го почувствуваа сите вработени по што излеговме надвор од фабриката, вели жител на село Разловци.

Земјотресот го потврдија и жители на Пехчево кои истакнаа дека по ударот забележале повеќе граѓани надвор од своите домови.

Според неофицијални податоци земјотресот е регистриран на околу 10 километри од Берово каде исто така предизвикал немир меѓу населението.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија